Исидора Николоска победник на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“
- Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што денеска се одржа во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, во организација на Библ
Охрид, 20 мај 2022 (МИА) – Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што денеска се одржа во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.
Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода, победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место и припадна на струмичанката Тијана Стојменова со освоени 83 бода.
- Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солудно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав Андрија Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Муистафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска.
Натпреварот, според нив, се одвивал беспрекорно и во најдобар ред.сс/свс