• недела, 22 декември 2024

Ирена Младенова: Планот за закрепнување може да се поднесе до почетокот на октомври

Ирена Младенова: Планот за закрепнување може да се поднесе до почетокот на октомври
Албена, 19 септември 2021 (МИА) - Планот за закрепнување и одржливост може да се поднесе во Брисел до крајот на месецов или почетокот на октомври, изјави денеска во Албена бугарскиот заменик министер за економија Ирена Младенова пред учесниците на Годишниот состанок на Националната асоцијација на општини во Република Бугарија (НСОРБ) Според неа, тоа треба да се направи за да може земјата да се движи напред, објави БТА. - Меѓутоа, најважно е да не се користи Планот како вреќа пари, туку да се прикажат реформите и развојот на државата и правилата во нова средина, додаде Младенова. Таа истакна дека „планот не е само за закрепнување, туку и за одржливост“, додавајќи оти средствата што ќе ги добие државата треба да се искористат за прилагодување на економијата, бидејќи веќе е јасно дека се наметнуваат нови бизнис модели и насоки во различни сектори. На прашањето за реализација на проектот за изградба на индустриски зони во земјава, Младенова одговори дека треба внимателно да се процени, бидејќи не треба да се трошат пари на места каде што инвеститорите нема да одат подоцна. - Средствата треба да се инвестираат разумно и не треба да се мобилизира само општинскиот, туку и приватниот ресурс. Привлекувањето инвеститори е важно, но тие мора да бидат такви што ќе донесат повеќе претприемачи и од реализацијата на целиот проект да има добивка, заклучи Младенова. Заменик претседателот на НСОРБ и градоначалник на Димитровград, Иво Димов, за време на дискусијата истакна дека изгледите за планот се добри, но централната власт и бизнисот треба да го поттикнат да функционира. гт/

Остани поврзан