• петок, 05 декември 2025

Иранскиот претседател во посета на Пакистан за да ги зајакне врските

Иранскиот претседател во посета на Пакистан за да ги зајакне врските

Исламабад, 2 август 2025 (МИА) - Пакистан го пречека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска на дводневна официјална посета, бидејќи двата соседа имаат за цел да ги зајакнат своите билатерални односи во услови на зголемени тензии во регионот и пошироко.

За време на неговата прва посета, иранскиот претседател треба да разговара со претседателот Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф, според Министерството за надворешни работи.

Пакистан вчера изјави дека ќе продолжи да игра улога во смирувањето на тензиите меѓу Иран и САД.

-Иран е наш близок пријател и братска соседска земја. Ние остануваме посветени на давање позитивен придонес за намалување на тензиите и промовирање дипломатски решенија за проблемот. Отворени сме да ја играме таа улога и ќе продолжиме да ја играме таа улога, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на неделниот брифинг за медиумите.

Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио изрази „благодарност за континуираната подготвеност на Пакистан да игра конструктивна улога во посредувањето во разговорите со Иран и неговата посветеност на зачувувањето на регионалната стабилност“.

Во мај, иранскиот министер за надворешни работи го посети Пакистан во услови на зголемени тензии со Индија. За време на војната меѓу Иран и Израел, Пакистан го поддржа правото на Иран на самоодбрана и ги осуди нападите на САД врз нуклеарните постројки. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан