Иранецот Хеидарирад нов голман на Еурофарм Пелистер
- Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, соопшти денеска битолскиот клуб.
Битола, 23 јули 2025 (МИА) – Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, соопшти денеска битолскиот клуб.
Станува збор за 34-годишен голман, кој во својата земја е голема спортска ѕвезда, а во Битола доаѓа белградски Партизан, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која „црно-белите“ ја освоија во сезоната 2024/25.
Хеидарирад долги години е во Европа, настапувајќи претходно за романскиот гигант Динамо Букурешт со кој освои многу трофеи.
Иранскиот голман потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на крајот од јули. ег
ФОТО: РК Еурфарм Пелистер/Фејсбук