Инфо ден во Гевгелија за регионална средба на млади
- Во рамки на проектот за подршка на изборни реформи во земјава, Центарот за подршка од Гевгелија организираше кратка инфо средба на тема „Што се тоа регионални средби на млади“, на која учеств
Гевгелија,30 јануари 2021(МИА) - Во рамки на проектот за подршка на изборни реформи во земјава, Центарот за подршка од Гевгелија организираше кратка инфо средба на тема „Што се тоа регионални средби на млади“, на која учествуваа претставници на граѓански организации, локални институции и млади.
На настанот беа презентирани активности од иницијативата „Преспа форум“ која е дел од владината програма и вклучува подршка на процесот за формирање канцеларии за младинска соработка на младите од Грција и Северна Македонија, како и активности и проекти кои ќе овозможат размена на искуства и поврзување на младите од двете земји.
-Подршка на изборните процеси е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка што се спроведува преку Националниот младински совет на Македонија и цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои одблизу се набљудувани од граѓаните, велат организаторите. им/мч/