Интер ја совлада Парма со пресврт во самиот финиш
- Во дуел со кој се комплетира 28 коло од Италијанското фудбалско првенство, Интер синоќа ја победи Парма на гостински терен со 2:1.

Парма, 29 јуни 2020 (МИА) – Во дуел со кој се комплетира 28 коло од Италијанското фудбалско првенство, Интер синоќа ја победи Парма на гостински терен со 2:1.
„Неро-азурите“ до трите бода стигнаа со два гола постигнати во последните десет минути преку Стефан де Фрај и Алесандро Бастони. Стрелец на погодокот за Парма беше Жервињо.
Парма со 39 бода го зазема осмото место на табелата, додека Интер е трет со 61 бод. Тимот од Милано заостанува осум бода зад лидерот Јувентус. зс/