Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
- -За жал, застапеноста и статусот на предметот Латински јазик и класична култура во предлог-концепцијата – изборен во трета година со една година изучување е несоодветен на потенцијалот што тој го има позитивно да учествува во постигнување на целите, начелата и задачите на гимназиското образование. Сметаме дека е неопходно овој предмет да биде задолжителен во една година за сите ученици. Со тоа учениците и матурантите од нашите гимназии ќе бидат поблиску до своите врсници од европските земји и ќе им се овозможи посоодветна подготвеност за успешни студии на повеќе студиски програми, се наведува во реакцијата.
Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ ја поздравуваат предложената концепција за гимназиско образование, но сметаат дека класичните јазици (латинскиот и старогрчкиот) се недоволно застапени и дека се деградираат.
Во допис до медиумите соопштија дека за нив е збунувачки и несоодветно што класичните јазици се сведени само на латинскиот (бидејќи старогрчкиот е сосема изоставен), кој се предлага како изборен предмет само во трета година средно образование.
-За жал, застапеноста и статусот на предметот Латински јазик и класична култура во предлог-концепцијата – изборен во трета година со една година изучување е несоодветен на потенцијалот што тој го има позитивно да учествува во постигнување на целите, начелата и задачите на гимназиското образование. Сметаме дека е неопходно овој предмет да биде задолжителен во една година за сите ученици. Со тоа учениците и матурантите од нашите гимназии ќе бидат поблиску до своите врсници од европските земји и ќе им се овозможи посоодветна подготвеност за успешни студии на повеќе студиски програми, се наведува во реакцијата.
Го нагласуваат значењето на класичните јазици во составувањето научни термини во сите научни дисциплини и поради тоа, велат, е особено полезно и неопходно за учениците што ќе го продолжат своето образование на разни студиски програми.
-Спознавањето на значењето на латинизмите ја подобрува писменоста на учениците и го подобрува нивниот капацитет да се изразуваат и да читаат стручна литература. Истражувањата покажуваат дека учениците што учат латински јазик полесно ги совладуваат другите наставни предмети и постигнуваат подобри севкупни резултати во учењето. Покрај тоа, изучувањето на класичните јазици докажано води кон развој на критичкото мислење и аналитички пристап во решавање на проблемите, сметаат професорите од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ.
Укажуваат и дека латинскиот јазик, во комбинација со класичната култура, е особено важен за проучување и разбирање на културното наследство од хеленистичкиот период што го има државата во кое има голем број споменици со епиграфи на латински јазик. хс/дма/
Фото: МИА архива