Индонезискиот претседател нареди компензација за семејствата на 125-те жртви во судири и стампедо на стадион
- Како што нагласи министерот, парите ќе им бидат дадени за еден или два дена

Џакарта, 3 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо нареди компензација за семејствата на 125-те жртви во судири и стампедо на стадион за време на викендот, информираше денеска главниот министер за безбедност Махфуд МД.
- Во знак на сочувство, претседателот одлучи компензација од 50 милиони рупии или 3.200 долари за секоја жртва, појасни тој на прес-конференција.
Како што нагласи министерот, парите ќе бидат исплатени за еден или два дена. бд/зш/