• понеделник, 23 декември 2024

Индијци хиндуси ѝ се налутија на Ријана

Индијци хиндуси ѝ се налутија на Ријана
Лос Анџелес, 19 февруари 2021 (МИА) - Пејачката, глумица и модна дизајнерка Ријана со полугола слика од себеси, пред неколку дена на Инстаграм и Твитер претстави боксерки од новата линија на брендот „Севиџ икс Фенти“. Таа тука на себе има само обетки, два ѓердана, прстен, нараквица, боксерките и своите тетоважи. Сепак, една подробност особено налути многумина нејзините следачи од Индија. На еден од ѓерданите виси медаљон со ликот на хинду богот Ганеш... „Дали може да престанеме да ја сексуализираме религијата на луѓето заради внимание!? Јас едноставно не ја разбирам - целта да носам ѓердан со богот Ганеша како дел од кампања за долна облека", гласи еден од многуте коментари предизвикани од сликата. Објавата на Твитер доосега собра повеќе од 345.000 допаѓањаи над 40.000 споделувања. А, оова не е првпат дизајнерката да биде обвиннувана за непочитување на верска и етничка основа поради своите провокативни кампањи.  си/

Остани поврзан