• недела, 22 декември 2024

Индија наскоро ќе го започне со години одложуваниот попис, најави индискиот министер за внатрешни работи

Индија наскоро ќе го започне со години одложуваниот попис, најави индискиот министер за внатрешни работи

Њу Делхи, 17 септември 2024 (МИА) - Индија наскоро ќе го започне својот тригодишен одложен попис, објави денеска индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах, цитиран од британските медиуми.

Националниот попис, кој се спроведува еднаш во деценијата, требаше да се спроведува во 2021 година, но беше одложен и поради пандемијата на Ковид-19 и поради технички и организациски причини, соопшти агенцијата.

Владата на индискиот премиер Нарендра Моди има за цел да пополни значајни празнини во податоците за населението на земјата во третиот мандат на премиерот по долгогодишни критики за ова прашање. За новата студија на Индија ќе и бидат потребни околу 18 месеци. мс/

фото: ЕПА


 

Остани поврзан