Имунизацијата во Берово продолжува со втората доза вакцини за повозрасните граѓани
- Во Берово започна вакцинирањето со втора доза за граѓаните кои ја примиле првата вакцина против Ковид-19. Од здравствениот дом информираа дека за реализирање на оваа активност установата на р

Берово, 22 април 2021 (МИА) - Во Берово започна вакцинирањето со втора доза за граѓаните кои ја примиле првата вакцина против Ковид-19. Од Здравствениот дом информираа дека за реализирање на оваа активност установата на располагање има 100 вакцини.

Поради зголемениот број случаи оттаму апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот.
- Се надеваме дека брзо ќе започне масовната имунизација заради што апелираме до граѓаните, особено од повозрасната популација, да се вакцинираат. На сите останати им препорачуваме да ги почитуваат протоколите, за да се стави крај на ова зло, додадоа од Здравствен дом.
Во Берово, во моментов, има 63 активни случаи со Ковид-19. Заклучно со вчерашниот ден, бројот на починати од оваа болест изнесува 33 лица. вс/ар/