• недела, 22 декември 2024

Имплементација на Европската конвенција за човекови права од Полска: Извештај на генералниот секретар на Советот

Имплементација на Европската конвенција за човекови права од Полска: Извештај на генералниот секретар на Советот

Стразбур, 23 ноември 2022 (МИА) – Советот на Европа објави извештај на генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ за сериозните прашања покренати се две пресуди на полскиот Уставен суд од 24 ноември 2021 година и 10 март 2022 година, јави дописникот на МИА.

Во овие пресуди, Уставниот суд на Полска оцени дека Европската конвенција за човекови права, поконкретно членот 6 кој го гарантира правото на правично судење (како што го толкува Европскиот суд за човекови права), не е во согласност со полскиот Устав.

Генералниот секретар заклучува дека воспоставената и ексклузивна јурисдикција на Европскиот суд за примена и толкување на правата утврдени во Конвенцијата е доведена во прашање со овие две пресуди. Следствено, обврската на Полска да му гарантира на сите во нејзината јурисдикција уживање на правото на правично судење од независен и непристрасен суд основан со закон, во оваа фаза, тоа не е исполнето во полското право. Генералниот секретар изразува загриженост поради зголемениот број слични пресуди и сродни апликации кои се во тек пред Европскиот суд.

Во својот извештај, генералниот секретар ја нагласува строгата обврска на Полска за извршување на пресудите на Европскиот суд и инсистира дека идентификуваните недостатоци мора да бидат разгледани од страна на Комитетот на министри кога го надгледува извршувањето на овие пресуди од страна на Полска, во согласност со член 46 од Конвенција. Комитетот на министри ќе го следи во декември 2022 година извршувањето од страна на Полска на пресудите на Европскиот суд во повеќе предмети против Полска.

Извештајот, како што се нагласува во Стразбур,  ќе послужи како основа за продолжување на конструктивниот дијалог со полските власти, со цел да се обезбеди целосно уживање во Полска на правото на правично судење од независен и непристрасен суд основан со закон.тг/зш/

Остани поврзан