• понеделник, 23 декември 2024

Илјадници Австријци на протест во Виена против задолжителната вакцинација

Илјадници Австријци на протест во Виена против задолжителната вакцинација
Виена, 15 јануари 2022 (МИА) - Илјадници лица денеска протестираа во Виена против планот на Владата од следниот месец да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19. „Владата мора да падне“, скандираа демонстрантите, што е веќе вообичаена појава во сабота во центарот на Виена, пренесуваат британските медиуми. Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните, бидејќи расте бројот на заразени со коронавирусот. Владата во ноември воведе четврто затворање на национално ниво, кога соопшти дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци. Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука. Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари, од кои 34 отсто се против задолжителната вакцинација воопшто, а 17 отсто сакаат да почекаат со неа. Истражувањето покажа дека 45 отсто од Австријците сакаат од февруари во земјата да важи задолжителната вакцинација. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан