• недела, 22 декември 2024

Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот

Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот

 Вашингтон, 7 јануари 2021 (МИА) Богатството на основачот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, се дознава во најновиот Индекс на милијардери на Блумберг. Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот. 

Пораснатите акции на тргувањата на берзите денеска за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили, Тесла, придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува Блумберг. 

-Чудно, напиша денеска тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација. 

-Добро, назад на работа, додаде тој. 

Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејст моментално вреди 132 милијарди долари. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан