• четврток, 14 ноември 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори
Скопје, 4 мај 2022 ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници.ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори. Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан