• понеделник, 06 мај 2024

Икарди ја отпушти Ванда како агент и побара да не ѝ плати милион евра за трансферот во Галатасарај

Икарди ја отпушти Ванда како агент и побара да не ѝ плати милион евра за трансферот во Галатасарај
Истанбул, 27 октомври 2022 (МИА) - Мауро Икарди ја отпушти својата сопруга Ванда Нара од позицијата агент, со која раскинаа. Во септември аргентинскиот напаѓач се пресели од Пари Сен-Жермен во Галатасарај на позајмица до крајот на сезоната. За трансферот на Икарди, агентот имаше право на хонорар од еден милион евра. Но, според некои турски медиуми, Мауро побарал од Галатасарај да не и плаќа провизија на Ванда, бидејќи таа повеќе не ги застапува неговите интереси. Самата Ванда изјави дека е единствениот претставник на Икарди во зделката за преселба во Галатасарај. зс/

Остани поврзан