Изјава на кандидатот за градоначалник на Гостивар од НАИ Ваљбон Лимани (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
Гостивар, 19 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), Ваљбон Лимани на денешното гласање дојде со потесното семејство и како што рече, очекува граѓаните во поголем број да го искористат правото на глас.

- Се надевам дека секој кој има право на глас ќе го искористи гласачкото право, со што нашиот избор ќе биде појасен. Верувам дека до крајот ќе имаме мирна атмосфера и коректни и демократски избори. На крајот нека победи најдобриот и нека победи Гостивар, рече Лимани.
До моментот на гласањето, тој потврди дека во изборниот штаб немало пријави за инциденти, освен како што рече помали неправилности.
- Мислам дека од овие избори Гостивар ќе испрати јасна порака дека е за фер и демократски избори. Очекувам граѓаните да излезат во поголем број во втората половина на денот и се надевам дека изборите ќе завршат во првиот круг, но сепак да оставиме граѓаните да го кажат последниот збор, рече Ваљбон Лимани кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата НАИ.згм/лв/
фото МИА