• четврток, 21 ноември 2024

Израелските сили убија двајца Палестинци во бегалски камп

Израелските сили убија двајца Палестинци во бегалски камп
Ерусалим, 31 март 2022 (МИА) - Израелските сили денеска убиле најмалку двајца Палестинци, а ранети се повеќемина, за време на рација на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Едниот од убиените имал 17, а другиот 23 години. Според израелската војска, нејзините сили и граничната полиција влегле во бегалски камп во градот Џенин, со цел да „уапсат осомничени за тероризам“. - За време на операцијата, терористи пукале на нашите сили. Израелските трупи одговорија со оган и погодени се вооружени напаѓачи. Еден израелски војник е полесно ранет, се наведува во соопштението на војската. Истовремено, од војската информираа и дека Палестинец денеска избодел Израелец  во автобус,  во јужниот дел на Западниот Брег. Како што пишува во соопштението, напаѓачот бил застрелан од друг патник во автобусот. бд/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан