Израелската полиција започна истрага поради смртните закани упатени за премиерот Бенет
- Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет.

Тел Авив, 26 април 2022 (МИА) - Израелската полиција денеска соопшти дека започнала истрага по упатената смртна закана за премиерот Нафтали Бенет.
Полицијата соопшти дека до семејството на премиерот било испратено писмо со закана за смрт, а во писмото имало и куршум.
Истрагата ја отвори Одделот за специјални криминали и Агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет.
Други детали не се соопштени, додека од кабинетот на Бенет информираа дека семејството на премиерот добило зголемено обезбедување. ссм/