• сабота, 21 декември 2024

Израелската армија уапси најмалку 19 лица во рации на окупираниот Западен Брег

Израелската армија уапси најмалку 19 лица во рации на окупираниот Западен Брег

Рамала, 19 септември 2024 (МИА) - Израелските сили извршија уште еден бран апсења низ окупираниот Западен Брег.

Во Калкиља и блискиот град Џејус, тие приведоа 13 лица, меѓу кои една жена, а уште шест лица беа уапсени во Витлеем.

Уште две лица се уапсени во селата Беит Рима и Кафр Еин, кои се наоѓаат северозападно од Рамала. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан