• сабота, 23 ноември 2024

Израелка пронајдена мртва во близина на еврејска населба на Западниот брег

Израелка пронајдена мртва во близина на еврејска населба на Западниот брег

Ерусалим, 21 декември 2020 (МИА) - Израелка е пронајдена мртва во шума во близина на еврејска населба на окупираниот Западен брег, соопшти израелската полиција, наведувајќи дека е покрената истрага. Полицијата изврши претрес во шумата во близина на населбата Тал Менаше откако семејството го пријавило нејзиното исчезнување и соопшти дека е пронајдено тело со знаци на насилство. Израелските медиуми ја идентификуваа убиената жена како Естер Хорген (52), мајка на шест деца и објавија дека во неделата отишла да трча. Причината за нејзината смрт не е јасна и полицијата воведе ембарго за сите детали од истрагата, додекалидерите на еврејските доселеници рекоа дека Хорген е убиена во палестински напад. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц на Твитер напиша дека нејзината смрт е „грозоморно убиство“ и дека израелските сили се обидуваат да ги пронајдат одговорните. Речиси половина милион еврејски доселеници живеат на Западниот брег, кој Израел го окупираше за време на војната во 1967 година.
Палестинците сакаат таа територија да биде дел од нивната идна држава и сметаат дека тие населени места се нелегални и пречка за мирот, а таквиот став го дели и поголемиот дел од меѓународната заедница. паг/  

Остани поврзан