• недела, 19 мај 2024

Изминатата недела санкционирани 181 непрописно паркирани возила во Центар

Изминатата недела санкционирани 181 непрописно паркирани возила во Центар
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Изминатата недела се санкционирани 181 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на општина Центар. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, во периодот од 27.09. до 03.10.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 108 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 73 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. ар/лв/

Остани поврзан