• петок, 05 декември 2025

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Скопје, 20 јули 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје.

Изменетиот режим ќе биде в понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан