• недела, 22 декември 2024

Изложба посветена на народностите на РСМ во Словачка

Изложба посветена на народностите на РСМ во Словачка
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) -  Изложба посветена на Република Северна Македонија ќе се одржи  во Музејот на град Лученец, административен центар на регион Новоград - Словачка и ќе трае до 29 август оваа година. Изложбата е во рамки на циклусот "Од близку - од далеку", кој што ги претставува земјите-татковини на жителите од регионот Новоград- припадници на други народи и народности. Иницијатори за одржување на изложбата се Сашо Тодоровски, роден во Скопје и Красимир Дамјанов, роден во Свиштово, Бугарија по мајка од Лазарополе, кои веќе неколку децении живеат во Словачка. Реализацијата е помогната од познатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски кој  ги отстапи своите фотографии од циклусот " Чекорење низ Македонија". Во текот на вернисажот проследен со жива македонска музика воедно ќе бидат послужувани и македонски специјалитети и вина од Тиквеш.свс/скс/

Остани поврзан