• недела, 12 мај 2024

Изложба „Милка Ефтимова” во Музејот на македонската борба за самостојност

Изложба „Милка Ефтимова” во  Музејот на македонската борба за самостојност

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Во НУ Музејот на македонската борба за самостојност вечер ќе биде отворена изложбата „Милка Ефтимова” на авторот Василија Чали – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Милка Ефтимова оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

Музејот преку оваа изложба ексклузивно промовира дел од личните предмети кои се донација од професор Милка Ефтимова.

Изложбата ќе ја отворат директорката на Музејот, Даниела Николова и Александар Трајковски. дма/вг/

Фото: НУ Музеј на македонската борба за самостојност

 

 

Остани поврзан