• среда, 26 јуни 2024

Излегоа од печат првите две сликовници со детски афоризми од едицијата „Во светот на палавите афоризмичиња"

Излегоа од печат првите две сликовници со детски афоризми од едицијата „Во светот на палавите афоризмичиња
Делчево, 18 мај 2022 (МИА) - Излегоа од печат првите две сликовници со детски афоризми од едицијата „Во светот на палавите афоризмичиња". Автор на афоризмите е познатиот македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски.
-Илустрациите и кориците ги работеше Софија Ситновска, ученичка во ОУ „Кирил и Методиј" од Македонска Каменица. За претставување на делата закажани се повеќе промоции и изложби на улустрирани афоризми во Виница, М. Каменица и Кочани, рече Ѓорѓијоски.
Познатиот сатиричар во моментот работи и на две нови книги „Во светот на палавите афоризмичиња“ 3 и 4 кои треба наскоро да излезат од печат.
Првата изложба, како што додаде, е закажана за утре, 19 мај, во Домот на културата „Тошо Арсов" во Виница.вс/бт/

Остани поврзан