• понеделник, 23 декември 2024

Изградба на стационар за животни, дел од изборната програма на Митко Јанчев 

Изградба на стационар за животни, дел од изборната програма на Митко Јанчев 
Кавадарци, 28 септември 2021 (МИА) - Изградбата  на стационар за животни, е дел од изборната програма на Митко Јанчев како кандидат за градоначалник на Кавадарци, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. -Со овој проект ќе се постигне намалување на бројот на кучиња бездомници, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните, како и заштита и згрижување на кучињата. Воедно, ќе се подигне и свеста за одговорно сопствеништво, поттикнување на граѓаните да ги регистрираат, вакцинираат и стерилизираат своите миленици. Ситe овие активности ќе бидат опфатени преку изградбата на стационар, кој ќе биде целосно опремен вклучувајќи и шинтерска служба која ќе биде дел од овој стационар, најави тој на денешната прес конференција. Обнова на возниот парк на ЈП Комуналец е уште еден од проектите во програмата. -Во насока на зголемувањето на нивото на хигиена во градот, ќе се набави нова цистерна за перење на улици, набавка на два нови камиони за износ на смет со што ќе се придонесе кон подобрување на хигиената во градот, како и отпочнување со износ на смет и во селските средини, рече Јанчев. Тој се задржа и на проектот за воведување на едносменска настава во сите средни училишта и набавка на училишни автобуси. -Набавка на девет  училишни  автобуси за превоз  на ученици од основните   и   средните   училишта.   Со   ова   ќе   се  обезбеди бесплатен   превоз   на   ученици   на   кои   им   следува бесплатниот превоз, кои живеат на оддалеченост поголема од два километра. Автобусите ќе бидат унифицирани и брендирани, додаде меѓу другото Јанчев. свд/аа/

Остани поврзан