• четврток, 21 ноември 2024

Изгаснат пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“

Изгаснат пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“
Битола, 23 јануари 2022 (МИА)Изгаснат е пожарот кој попладнево избувна во старата административна зграда на поренешната фабрика за леб „Жито Битола“. Девет пожарникарски возила со 27 пожарникари успешно се справија со пламените јазици кои во целост ја уништија кровната конструкција во пожарот кој почна во 17.20 часот. По регистрирањето на пожарот во Битола беа мобилизирани Територијалната противпожарна единица, службени лица на СВР-Битола, а на терен присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски со цел координација и обезбедување на дополнителни информации. Во пожарот нема повредени лица, а превентивно во текот на ноќта пред опожарениот објект ќе дежураат екипи на Територијалната против пожарна единица и сообраќајна полиција. Причините и последиците од пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“ ќе бидат истражени, беше посочено вечерва во Битола. мт/бк/

Остани поврзан