• четврток, 18 јули 2024

Изгаснат пожарот во липковското село Виштица

Изгаснат пожарот во липковското село Виштица

Куманово, 9 април 2024 (МИА) - Изгаснат е пожарот над липковското село Виштица, соопштија денеска од подружницата на „Национални шуми“ - Куманово.

Пожарот избувна пред неколку дена и зафати ниска вегетација и деградирана шума. Прво го гаснеа припадници на Територијалната противпожарна единица и на подружницата на „Национални шуми“. Поради непристапниот терен, пожарот се гаснеше неколку дена. Вчера бил изгаснат и денеска не е активен, информираа од кумановската подружница на „Национални шуми“.

- Шумскиот пожар што зафати ниска вегетација и деградирана шума во село Виштица, Општина Липково е локализиран и веќе не е активен. Вчера го изгасија две екипи на „Национални шуми“, изјави Луан Бајрами, раководител на кумановската подружница. ам/мд/

Фото: МИА и подружница „Национални шуми“ - Куманово

Остани поврзан