• понеделник, 10 јуни 2024

Изгаснат пожарот во Гевгелиско

Изгаснат пожарот во Гевгелиско
Гевгелија,15 јули 2022 (МИА) - Пожарот што избувна вчера попладне во месноста „Топлик“ северозападно од Гевгелија во подножјето на планината Кожуф, целосно е изгаснат од страна на ТППЕ Гевгелија, која интервенирала веднаш откако бил пријавен во 15 часот и 10 минути. За предизвикување на пожарот, кој зафатил со трева обрасната необработена нива и дел од пчеларник, биле осомничени и приведени на службен разговор, лицата В.К. од Гевгелија и В.Х. од Струмица кои го предизвикале пожарот изведувајќи работа со алат-шлајферица. Навремената и ефикасна интервенција на гевгелиските пожарникари придонела пожарот, со кој бил запознаен и јавен обвинител од основното Јавно обвинителство во Гевгелија, целосно да биде изгаснат. им/цр

Остани поврзан