• среда, 15 мај 2024

Извлечени остатоците од подморницата Титан

Извлечени остатоците од подморницата Титан

Вашингтон, 28 јуни 2023 (МИА) - Остатоците од подморницата Титан се извлечени на брегот откако таа се распадна пред речиси две недели.

Новата снимка покажува неколку парчиња остатоци кои се истоваруваат од бродот „Хоризонт Арктик“ во канадската крајбрежна стража во Св. Џонс.

Пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморница претрпе катастрофална експлозија додека се обидуваше да се спушти до остатоците од Титаник.

Потрагата по исчезнатата подморница започна на 18 јуни, а делови од остатоците беа пронајдени на околу 487 метри од остатоците на Титаник пет дена подоцна на длабочина од околу 3.800 метри.

фото: скриншот Си-би-си

Остани поврзан