• петок, 27 декември 2024

Изведен фрагмент од првата македонска опера „Гоце“ во Дизелдорф

Изведен фрагмент од првата македонска опера „Гоце“ во Дизелдорф

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Музичкиот ансамбл при македонскиот културен центар „Македонско сонце“ од Дизелдорф настапи на приемот организиран од градоначалникот д-р Стефан Келер и претседателот на Советот за интеграции Гоце Пероски.

Како што информираат од центарот, во рамките на приемот настап имала и виолинистката Христина Ташкоска со фрагмент од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а потоа во квартет со Лазе Димовски, Леони Шмиц и Нина Димовска исполниле сплет на најпознатите македонски песни со вокал, хармоника и виолина.

Оваа година се навршуваат 70 години од изведбата на првата македонска опера „Гоце“ компонирана од Кирил Македонски (1925-1984) која за првпат е изведена на македонскиот народен театар во Скопје во 1954 година под диригентска палка на Тодор Скаловски.

Редовниот годишен прием се организира секоја година и на него присуствуваат високи гости од јавниот и политичкиот живот како и претставници на дипломатскиот кор во Дизелдорф. ар/ац/

Фото:Македонско сонце 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан