Избран официјалниот десерт за 70-годишнината на Елизабета Втора
- Околу 5.000 Британци на возраст од осум до 108 години учествуваа на националниот натпревар во чест на 70-годишното владеење на кралицата, по што следеше изборот на пет финалисти... Сопругата
Лондон, 13 мај 2022 (МИА) - „Швајцарскиот ролат со лимон и 'Амарети' - парчиња“ ќе биде официјалниот десерт за платинестата годишнина од владеењето на британската кралица Елизабета Втора. Таа слатка закуска победи на натпреварот за нов официјален десерт на свеченостите во Велика Британија.
Џема Мелвин ја направи тортата, инспирирана од коктелот со лимон послужен на свадбата на кралицата со принцот Филип во 1947 година. Тортата содржи слоеви лимон, крем, желе „Сент Клементс“, мандарина и бисквити „Амарети“.
Околу 5.000 Британци на возраст од осум до 108 години учествуваа на националниот натпревар во чест на 70-годишното владеење на кралицата, по што следеше изборот на пет финалисти. Џема, готвачка од Саутпорт, ги победи колегите, а сопругата на принцот Чарлс, војвотката од Корнвол, Камила Паркер го прогласи победникот.
Можеби најважниот услов поставен од организаторите, беше тортата да може да се направи лесно и од гледачите дома, па и тие да се насладуваат со истиот рецепт при националната прослава во земјата следниот месец. си/ми/