• понеделник, 25 ноември 2024

Избрани 18 поети за тријазичната збирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“

Избрани 18 поети за тријазичната збирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) – Здружението за култура и заеднички вредности од Гостивар „КРИК 094“ избра 18 поети кои со своите песни ќе бидат застапени во тријазичната збирка поезија, како дел од проектот „Млади поетски пера-Стихови градат мостови“. Преку конкурсот наменет за автори на возраст од 16 до 35 години, избрани се поетите Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова. Здружението работи на препев на песните што во збирката ќе бидат објавени на македонски, албански и турски јазик. Потоа ќе следува техничка подготовка и печатење на книгата. ки/ац/

Остани поврзан