• недела, 22 декември 2024

Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти

Избори во Турција: Гласовите за Ердоган паднаа под 50 проценти

Анкара, 14 мај 2023 (МИА) – Според резултатите на турската државна новинска агенција Анадолија, во трката за претседател на Турција се преброени 90,61 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган падна на помалку од педесет отсто од гласовите.

Ердоган моментално има 49,86 отсто од гласовите, а второпласиран е Кемал Киличдароглу, заедничкиот кандидат на шестпартискиот главен опозициски Сојуз на нацијата со 44,38 отсто од гласовите.

Доколку ситуацијата не се промени, Турција ќе оди во втор круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 28 мај.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на редовни претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а излезноста била 88,44 отсто. јт/

 

Остани поврзан