• понеделник, 23 декември 2024

ИЕА: ЕУ и понатаму е главен пазар за руската нафта

ИЕА: ЕУ и понатаму е главен пазар за руската нафта
Париз, 12 мај 2022 (МИА) - Санкциите кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина ги намалија испораките на руска нафта, иако помалку од очекуваното, а ЕУ беше главен извозен пазар за руските барели во април, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во средината на март, ИЕА предупреди дека резервите на руска нафта може да бидат намалени за три милиони барели дневно од април, а денеска вторпат ја намали својата проценка, наведувајќи дека само еден милион барели дневно доаѓаат од Русија поради послабиот извоз и падот на домашната побарувачка. Доколку купувачите ја заобиколуваат руската нафта поради санкциите, се очекува во мај на дневно ниво да се намали на 1,6 милиони барели, за два милиони во јуни и за речиси три милиони барели дневно во јули. Рускиот извоз во април забележа раст од 620.000 барели дневно во април во споредба со март и  изнесуваше 8,1 милиони барели дневно. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) наведе дека и покрај ембаргото, ЕУ се уште е најголемиот извозен пазар за руска нафта во април, со намалени резерви од само 535.000 барели дневно од почетокот на годината. Русија сега извезува 43 отсто од нафтата во ЕУ, а претходно извозот изнесуваше 50 проценти. ми/

Тагови

Остани поврзан