Игуаин објасни зошто никогаш нема да стане тренер
- Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин призна дека нема да започне со тренерска кариера.

Торино, 18 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин призна дека нема да започне со тренерска кариера.
-Нема да станам тренер заради менталниот и психолошкиот стрес кој е неизбежен во оваа професија. Сите тренери доаѓаат во тимот со своја боја на коса и по три години тие стануваат седи, изјави Игуаин.
Минатата сезона, 32-годишниот напаѓач одигра 32 натпревари во Серија А, во кои постигна осум гола и направи четири асистенции. зс/