• петок, 05 декември 2025

Ивановски со пресврт до четвртфинале на фјучерсот во Загреб

Ивановски со пресврт до четвртфинале на фјучерсот во Загреб

 

Загреб, 26 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во второто коло го совлада вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови (2-6, 6-1, 6-2).

Дуелот траеше два часа и осум минути игра.

Ивановски успеа да направи пресврт во дуелот и со тоа се избори за утрешното четвртфинале во кое ќе игра против домашниот тенисер Вито Тонејц.

Македонскиот тенисер го загуби првиот сет со 6-2, но заигра многу поквалитетно во продолжението и во преостанатите два сета му препушти на противникот само три гема. ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан