• петок, 05 декември 2025

Ивановски со два тај брејка до победа на Челинџерот во Сан Марино

Ивановски со два тај брејка до победа на Челинџерот во Сан Марино

Сан Марино, 13.јули 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа го стартуваше Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Тој во првото коло од квалификациите го совлада Јозеф Ковалик од Словачка со 2-0 во сетови (7:6(5) и 7:6(4)). 

Во првиот сет, тај брејкот го доби со 7:5 на поени, откако имаше предност од 5:1. Во вториот сет Ивановски беше во негатива од 2:4 на поени, но со серија од пет поени го освои гемот со 7:4 на поени и го доби мечот со 2:0 во сетови. 

Утре за пласман на главниот турнир Ивановски ќе игра против домашниот тенисер Франческо Форти, а почетокот нема да биде пред 13:30 часот.

Челинџер турнирот во Сан Марино се игра за награден фонд од 181.250 евра.   мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан