• недела, 22 декември 2024

Ивановски победи тенисер од Топ 100 на Челинџерот во Братислава

Ивановски победи тенисер од Топ 100 на Челинџерот во Братислава

Братислава, 27 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари голем триумф на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во Братислава, Словачка.

Ивановски во два сета, два пати на тај-брејк (7:6(4) 7:6(3)) го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99. место на АТП листата. 

Мечот траеше еден час и 40 минути. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан