• недела, 22 декември 2024

Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон

Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето. 

-Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска.

Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат.

-Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”.

Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс.

-Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска. мс/свс/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан