• недела, 29 декември 2024

ЗОИ: Линдвиг и го обезбеди осмото злато на Норвешка

ЗОИ: Линдвиг и го обезбеди осмото злато на Норвешка
Пекинг, 12 февруари 2022 (МИА) – Норвежанецот Мариус Линдвик освои злато во скијачки скокови на Олимпијадата во Пекинг. Дваесет и тригодишниот Линдвик покажа најдобар резултат во двата скока во дисциплината К-125. Линдвик за прв пат во кариерата стана олимписки шампион. Ова е осми златен медал за Норвешка на ЗОИ 2022 за лидерско место во поредокот на медалистите. Јапонецот Рјоју Кобајаши го освои сребрениот медал, додека Германецот Карл Гајгер ја освои бронзата. Резултати на најдобрите тројца во ски-скокови К-125 индивидуална конкуренција:
  1. Мариус Линдвик (Норвешка) - 296,1 бодови (140,5 и 140 метри)
  2. Рјоју Кобајаши (Јапонија) - 292,8 (142 и и 138)
  3. Карл Гајгер (Германија) - 281,3 (138 и и 138). зс/

Остани поврзан