• четврток, 19 декември 2024

ЗМАИ ќе го презентира Индексот на отвореност на општините

ЗМАИ ќе го презентира Индексот на отвореност на општините
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го презентира Индексот за отворност на општините за 2021 година, како и споредбата со резултатите од минатата година. Како што информираат од ЗМАИ во текот на изминатите месеци девет независни истражувачи ги анализираа општините во државава во однос на тоа колку се транспарентни и отчетни во буџетирањето и буџетските процеси, колкава е вклученоста на граѓаните и дали се обезбедува правичност во буџетирањето. Резултатите потоа биле пратени до општините кои обезбедиле соодветни коментари и дополнувања, по што биле преточени во извештај, кој бил дополнет со компаративна анализа. -Јавноста може да влијае во носењето на одлуките во однос на општинските буџети само доколку е вклучена во нив и доколку располага со соодветните информации. Затоа, веруваме дека обезбедувањето на отвореност на општините, но и континуитет во оваа насока се клучни, велат од ЗМАИ. дма/бак/

Остани поврзан