• петок, 05 декември 2025

Златко Ристов останува градоначалник на Конче

Златко Ристов останува градоначалник на Конче

Конче, 2 ноември 2025 (МИА) - Досегашниот градоначалник на Конче од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Златко Ристов и во наредниот мандат ќе ја извршува оваа функција.

Според првични и нефоцијални податоци Ристов победи во вториот круг од изборите за градоначалник на Конче пред Благој Илиев од СДСМ и коалицијата.

На својот фејсбук профил Илиев му ја честиташе победата на Ристов и му посака успешна работа. рт/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан