• сабота, 22 февруари 2025

Зимски карате семинар „Крушево 2025“

Зимски карате семинар „Крушево 2025“

Крушево, 10 јануари 2025 (МИА) - Во организација на МТКФ од 10 до 15 Јануари 2025 ќе се одржи зимски карате семинар во Крушево под водство на Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви.

На семинарот ќе учествуваат каратисти од повеќе карате клубови од Македонија. МТКФ зимскиот карате семинар се воведува повторно по подолга пауза, а од наредната година се планира да прерасне во традиционален и меѓународен карате семинар на кој ќе учествуваат каратисти и од соседните земји. Истовремено на семинарот ќе се одржат и подготовки, турнир „КРУШЕВО 2025“ и полагање за карате појаси.

Оваа година Македонските каратисти ќе бидат доста активни и ќе учествуваат на повеќе меѓународни натпревари, а прв позначаен натпревар ќе се одржи на 8 март во Краков, Полска. Најзначаен натпревар за оваа година ќе биде ЕТКФ европскиот шампионат кој од 30 мај до 1 јуни 2025 ќе се одржи во Неа Мудања, Грција. дс

Фото: МТКФ

Остани поврзан