• петок, 22 ноември 2024

Зендели: Нема проблем во владиното мнозинство, проблемот е во пратеничката група на ДУИ 

Зендели: Нема проблем во владиното мнозинство, проблемот е во пратеничката група на ДУИ 
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) - Нема проблем во владиното мнозинство, изјави пратеникот од партијата Беса и еден од потпретседателите на Собранието, Фадил Зендели. Зендели изјави дека проблем има во пратеничката група на ДУИ и смета оти партијата треба во разумен рок да најде решение за него. Пратеникот посочи дека БЕСА има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик министерот за култура во врска со нив. Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата. ев/сп/

Остани поврзан