Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа на границата меѓу Авганистан и Таџикистан
- Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа долж авганистанско-таџикистанската граница, соопшти денеска германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).

Душанбе, 19 април 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа долж авганистанско-таџикистанската граница, соопшти денеска германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).
Во соопштението на ГФЗ се наведува дека земјотресот бил регистриран утринава во 06:47 часот по локално време и оти епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 92 километри.
Засега нема информации за жртви или материјална штета. јт/
Фото: МИА архива