• петок, 22 ноември 2024

Земјотрес на Тајван со јачина од 5,7 степени

Земјотрес на Тајван со јачина од 5,7 степени
Тајпеј, 9 јануари 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот брег на Тајван, соопшти тајванската метеоролошка служба. Земјотресот бил на длабочина од 72,2 километри и во моментов нема извештаи за предизвикани штети. Тајван се наоѓа меѓу две тектонски плочи во Јужното кинеско море, а во земјотресот во 2016 година што го погоди јужниот дел на островот загинаа повеќе од 100 луѓе. Во 1999 година, пак, Тајван беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 7,3 степени, кога загинаа повеќе од 2.000 луѓе. паг/  

Остани поврзан