• понеделник, 16 март 2026

Земјоделски површини во дел од Пелагонија под вода

Земјоделски површини во дел од Пелагонија под вода

Битола, 23 февруари 2026 (МИА) - Во јужниот дел на Пелагонија, во атарот на селата Жабени и Породин, земјоделските површини сè уште се под вода.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за МИА информираа дека станува збор за површини засејани со јачмен и пченица.

- Обилните дождови и условите на терен, кои во јужниот дел на Пелагонија, особено во атарот на селата Жабени, Породин и околината, каде што Пелагонија е пониска, сè уште има вода од обилните дождови. Но не се очекува предизвикување евентуална штета врз посевите или евентуална агроинтервенција. Треба да се почека за појасна слика, која можеби ќе се добие деновиве бидејќи се очекуваат повисоки дневни температури на водухот - посочија од ПЕ на МЗШВ Битола.

Агроекспертите советуваат на земјоделските површини со посеви да се изврши прихранување со азотни ѓубрива или биостимулатори, но и други заштитни мерки посочени од агроекспертите за да не се појават штетници или други несакани последици врз есенските посеви. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан