• петок, 22 ноември 2024

Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија

Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија

Брисел, 21 јуни 2023 (МИА) - Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор на амбасадорско ниво за единаесеттата рунда санкции против Русија, соопшти шведското претседателство со Советот на ЕУ.

Новите санкции предвидуваат подобрување на мерките против заобиколувањето на веќе воведените ограничувања против руските претставници, граѓани и организации.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го изрази своето задоволство од одлуката.

„Тоа ќе и нанесе уште еден удар на воената машина на претседателот Владимир Путин со дополнително заострување на извозните ограничувања, насочени кон организациите кои се залагаат за Кремљ“, напиша таа на Твитер.

„Новите санкции ќе ја спречат Русија да добие стоки кои се опфатени со санкциите“, додаде Фон дер Лајен. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан